Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илиевски: Пред една година ја палеа канцеларијата на Иванов, денес ја браниме

Илиевски: Пред една година ја палеа канцеларијата на Иванов, денес ја браниме

Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“ потсети на немилиот настан кога демонстранти ја демолираа народната канцеларија на претседателот Иванов, за сега навистина народот да излегува на улиците секој ден и да си ја брани унитарноста.

- Пред точно една година, на 12 април лани, оваа канцеларија беше ограбена, запалена, искршена, потполно руинирана. Но работите се променија, сега не се на улица луѓето кои што тврдеа дека се борат да соборат режим, а сега едвај чекаат да коалицираат со албанскиот партнер на т.н. режим, сега се на улица граѓаните за заедничка Македонија и оваа канцеларија е институцијата штитена од сите нас, така и ќе биде, изјави Илиевски.

Слично

Поврзани вести