Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илиевски: Излегувањето на улица не е за џабе

Илиевски: Излегувањето на улица не е за џабе

Не смее да биде избран Претседател на Собранието кој што нема да се откаже од Тиранската платформа и да ја осуди нејзината суштина, порача денеска на плоштадот Македонија еден од организаторите на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски.

На кој начин ќе биде спречен избор на нов претседател на Собранието не посочија од „За заедничка Македонија“, но сметаат дека нивните протести досега дале резултати и се чуствува притисокот на народот. 

Денес на плоштадот Македонија активисти на  „За заедничка Македонија“ го формираа и нивниот заштитен знак во црвено-жолта боја.

Слично

Поврзани вести