Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илиев: Мислењето на Врховен за СЈО е акт кој не е обврзувачки

Илиев: Мислењето на Врховен за СЈО е акт кој не е обврзувачки

Судовите по Устав и по Закон се независни и можат слободно да ги продолжат процесите по обвиненијата од Специјалното јавно обвинителство, вели Дане Илиев, поранешен претседател на Врховниот суд. Како што вели тој, мислењето на Врховен суд дека не треба да се земат во предвид покренатите истраги и поднесените обвиненија на СЈО по јуни 2017-та е акт кој не е обврзувачки.

- Овој акт може да биде обврзувачки само за Кривичниот совет во одредени ситуации, кои се тешко остварливи. Ова е само толкување од Врховен суд и досега не постоела таква пракса во македонското судство, некој да се повикува на нивно мислење. Историски гледано во праксата немало такви случаи. Покрај тоа, за ова треба да има и автентично толкување од македонското Собрание - вели Илиев за „Фактор“.

Во „забранетиот“ рок на работа на СЈО влегуваат случаи како „Империја“„Попис“, „Моќник“ и „Талир“, како и истраги поврзани со проектот „Скопје 2014-та“, а Илиев вели дека рочиштата ќе продолжат да се одвиваат тековно.

- При одлуките секој суд ќе носи свое толкување независно. Овој случај не може да ја попречува нивната работа. Станува збор за преседан кој е донесен за 5 минути, што доведува до заклучок дека има некаква позадина во истиот и до сега не сум слушнал за таков начин на работа во ниту една друга држава - коментира поранешниот повеќекратен судски функционер.

Слично

Поврзани вести