ИЛИ ЌЕ БИДАТ ВЕРСКА ЗАЕДНИЦА, ИЛИ БИЗНИСМЕНИ: Најчевска со реакција за фирмата за струја на МПЦ-ОА
Професорката Мирјана Најчевска со реакција на социјалните мрежи за основањето на фирма за бизнис со струја од страна на МПЦ-ОА.
„Мислам дека мора да изберат, или ќе бидат верска заедница или ќе бидат бизнисмени. Не може и едното и другото и посебно не во ситуација кога не плаќаат данок“, напиша таа на Фејсбук.
Нејзината реакција доаѓа по веста за основањето на „Константин енерџи“, фирмата за струја во која удел има Македонската православна црква - Охридска архиепископија, а е основана заедно со австралиската фирма „Пела Глобал лимитед“.
Слично
