Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЛИ ИЗВИНУВАЊЕ ИЛИ 100.000 ЕВРА: Oва го бара Љупчо Ристовски од Мицкоски

ИЛИ ИЗВИНУВАЊЕ ИЛИ 100.000 ЕВРА: Oва го бара Љупчо Ристовски од Мицкоски

Лидерот на ИНТЕГРА, Љупчо Ристовски, побара извинување од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски за изнесените тврдења дека тие се финансиски помогнати да направат штета во опозицијата и да се поделат гласовите. 

Тој најави дека ќе поднесе тужба за клевета и ќе бара оштета од 100.000 евра кои ќе ги донира во добротворни цели.

Дел од членовите на ИНТЕГРА вчера преминаа во ВМРО-ДПМНЕ. 

Воислав Зафиросвки, за кого од ИНТЕГРА соопштија дека претходно бил разрешен обвини дека Ристовски ја направил партијата секта. 

Мицкоски пак кажа дека партијата се интегрира во ВМРО-ДПМНЕ и дека опозцијата се окрупнува. 

ИНТЕГРА освои 12.000 гласови на изборите, но не доби пратеник за влез во Собранието. 

Слично

Поврзани вести