Илхан Ќучук за Македонија и Албанија: Да чекориме напред заедно
Eвропратеникот Илхан Ќучук, лидер на Европските Либерали, претставник на бугарската партија ДПС вели дека ова е историски ден за Република Албанија и Република Македонија, кои конечно ги започнаа преговорите со Европската Унија(ЕУ).
„Честитки драги пријатели. Да чекориме напред заедно“, напиша на Твитер известувачот за Македонија.
Според Ќучук, договорот од 2017 година бил успешен по тоа што поставил одредени проблеми, но и дал можност да се започне сложениот разговор за минатото, кој исто така поминува низ разговорот за иднината. Вели дека не треба да гледаме кој е победник во процесот.
Слично
