Илчо Ѓорѓиоски ја напушта Фудбалската федерација на Македонија
Илчо Ѓорѓиоски по шест години поминати како претседател на Фудбалската федерација на Македонија ја најавува својата оставка од таа функција откако имал средба со претставниците на Комитетот за итност, објавуваат спортските портали. За утре од 12. часот, закажал седница на Управниот одбор на федерацијата на која се очекува тој да ги искаже своите мотиви, размислувања и одлука на собирот со одборниците на федерацијата.
Во ова негово време Ѓорѓиоски ќе остане запаметен по тоа што обезбеди настап на една наша селекција на едно големо европско натпреваруавње како што е Европското првенство за играчи до 21 година, а со подршка на УЕФА, ФФМ лани ја доби и организацијата на Супер купот.
Од друга страна, она најважното, македонската сениорска фудбалска репрезентација ги постигнуваше можеби најслабите резултати во изминатите три квалификациски циклуси.
