Илбер Села побара да се отстранат грешките на албански јазик кај новоименуваните институции
Натписите се менуваат на 136 институции кои ги објави Владата минатата недела, но и натаму не стивнуваат негативните реакции на социјалните мрежи.
Села за ТВ21 изјави дека за ваквите пропусти одговорност треба да сносат самите институции кои ги менуваат натписите.
- Ова е нов предизвик и очекувани беа вакви технички грешки, но како ќе се формира агенцијата така ќе има се помалку грешки. - изјави Села.
Локацијата на новоформираната агенција ќе биде позната деновиве, а потоа ќе запонат и другите постапки.
Од владата исто така велат дека работат на тоа што побрзо да започне нејзината дејност и да се отстранат грешките.
Слично
