Економија, финансии, бизнис

Контакт

Илбер Села е избран за директор кој ќе го контролира спроведувањето на двојазичноста

Илбер Села е избран за директор кој ќе го контролира спроведувањето на двојазичноста

Професорот од Универзитетот за Југоисточна Европа, Илбер Села, е избран за директор на Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните во Македонија.

Оваа одлука ја донесе Владата на последната одржана седница, а за избор на прв човек на оваа новоформирана институција беше распишан оглас минатиот месеч чиј рок за пријавување истече на 13 февруари.

Агенцијата за примена на јазикот е една од вете институции формирани за контролирање на спроведувањето на измените од Законот за јазиците, кој беше објавен без потпис на указот од претседателот Ѓорѓе Иванов. Во него се предвидени казни за институциите и одговорните лица кои нема да се придржуваат до прописите.

Оваа институција е замислена како аполитичка, односно дека треба да функционира според највисоките професионални критериуми.

Слично

Поврзани вести