ИК на ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори до крајот на оваа година
Предвремени избори до крајот на оваа година, бара Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Извршниот комитет на партијата изразил благодарност за сплотеноста на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ затоа што покажала дека ја почитува волјата на народот и се против наметнати уставни измени, истовремено барајќи од претседателот на Собранието Талат Џафери да не го злоупотребува Деловникот.
„Тој треба да овозможи да се носат одлулки без разлика на тоа дали на власта и се допаѓаат одлуките или не. Трета работа што ја заклиучи ИК е дека оваа власт е делегитимирана и не носи решенија во економијата, пензионерите. Затоа сметаме дека излезот би бил предвремени парламентарни избори во текот на оваа година. Тоа би требало да се одлучи со конзенсуз на сите политички партии, да се направат потребните измени и дополнувања на Изборниот законик и да одиме на избори. Народот да може да ја донесе одлуката за решение за ваквата проблематична состојба“, рече Антонио Милошоски од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Вели дека СДСМ и ДУИ манипулираат дека имаат мнозинство.
