ИЈЗ препорача да се носат заштитни маски
Институтот за јавно здравје објави препораки поради високите нивоа на аерозагадување, меѓу кои, носењето заштитна маска е една од нив.
На граѓаните им препорачуваат во случај да треба да излезат надвор да носaт маски со докажана ефикасност.
На местата каде што има екстремно загаден воздух, се повикуваат граѓаните да отанат дома ако не треба да излегуваат, да го намалат физичкиот напор на отворено особено доколку почувствуваат симптоми како кашлица или болки во грлото.
Најзагрозена категорија се деца помлади од 5 години, постари граѓани над 65 годишна возраст, а особено бремените жени, лица со хронични заболувања, пациенти со астма и ХОББ, дијабетичари, луѓе кои работат на отворено, социјално загрозени катеории граѓани и пушачи чиј ризик од сериозно срцево оптоварување се зголемува меѓу 3 и 4 пати.
Овие групи треба да избегнуваат напорна физичка активност, а бремените жени треба да останат дома.
