ИЈЗ: Нема ризик од хантавирус во Македонија
Во Македонија нема ризик од хантавирус, потврдува ИЈЗ. СЗО оценува дека опасноста за јавноста е многу ниска и покрај случаите на крузерот MV Hondius.
Од Институт за јавно здравје информираат дека во моментов во Македонија не се регистрирани случаи на хантавирус, ниту пак има патници или блиски контакти поврзани со земјава. Оттаму додаваат дека засега нема никакви индикации за ризик по јавното здравје.
Во меѓувреме, стјуардеса на KLM која била во контакт со заразен патник добила негативен тест, што дополнително ја смирува ситуацијата. Се очекува бродот „MV Hondius“ да пристигне во Тенерифе во недела, при што шпанските власти најавија дека нема веднаш да биде закотвен во пристаништето.
Слично
