ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
Од Институтот за јавно здравје(ИЈЗ) излегоа со совети до граѓаните, затоа што воздухот е високо загаден.
„Проверете го Индексот за квалитет на воздух. Останете дома ако не мора да излегуватe. Избегнувајте спорт и активности на отворено. Носете заштитна маска со докажана ефикасност. Не отворајте прозорци кога воздухот е загаден. Користете прочистувач на воздух. Намалете физички напор, особено ако имате здравствени проблеми. Лицата со астма, срцеви и респираторни заболувања, бремените жени и децата – бидете особено внимателни. Конзумирајте храна богата со витамини (A, C, E). Доколку почувствувате симптоми – консултирајте лекар. Следете го квалитетот на воздухот на: air.moepp.gov.mk“, велат од ИЈЗ.
Во неколку македонски градови воздухот е многу високо загаден.
