Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИЈЗ: Два случаи на мајмунски сипаници се лабораториски потврдени во Македонија

ИЈЗ: Два случаи на мајмунски сипаници се лабораториски потврдени во Македонија

Два случаи на мајмунски сипаници се лабораториски потврдени во Македонија.  Двајца пациенти упатени од Клиниката за кожни болести денеска пристигнале во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) со симптоми сомнителни за ова вирусно заболување.

Од ИЈЗ соопштуваат дека веднаш по приемот на пациентите се постапило согласно протоколите – направени се испитувања за мајмунски сипаници, како и за ХИВ, сифилис и херпес.

„Институтот за јавно здравје изврши лабораториски испитувања на три различни начини, со што лабораториски се потврдија два случаи на мајмунски сипаници“, информираат од ИЈЗ.

Ова е првпат во земјава лабораториски да се потврдат случаи на ова заразно заболување. 

„Во моментов нема простор за паника. Брзо и навремено се преземаат сите потребни институционални мерки“, велат од ИЈЗ. 

Утре ќе дадат повеќе детали. 

Слично

Поврзани вести