ИЈЗ: 81,4% од излекуваните пациенти се лекувале дома
Институтот за јавно здравје соопшти дека најголемиот број
пациенти кои сега се регистрирани за оздравени од корона вирусот не биле
хоспитализирани. ИЈЗ наведува дека дури 1.053 пациенти или 81,4 проценти се
лекувале дома. Во болниците биле хоспитализирани
240 или мерено во проценти 18,6.
Инаку, до вчера, како што соопшти Министерството за здравство, вкупниот број на излекувани пациенти е 1.293, а во моментов активни случаи има 398.
Слично
