ИГРАЊЕ СО ЖИВОТОТ: Пукање кон жител на село Грчец
Пукотници го вознемирија село Грчец.
Вчера околу 10 часот лекар од амбулантата во Сарај пријавил дека кај него бил донесен педесет и петгодишен жител на село Грчец со две прострелни рани на левото стапало.
Истиот ден околу 09.40 часот пред мостот во с.Грчец лице од с.Раовиќ, скопско, со огнено оружје испукал неколку пати кон Ј.И., по што побегнал во непознат правец.
На местото на настанот биле пронајдени две чаури и траги од крв.
Ј.И. бил пренесен во Градската општа болница „8-ми Септември“ кадешто бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Слично
