Економија, финансии, бизнис

Контакт

Игра на нерви и кондиција - Зврлевски и денес на дневен ред

Игра на нерви и кондиција - Зврлевски и денес на дневен ред

Разрешувањето на јавниот обвинител се претвори во маратонски собраниски циркус кој покажува колку кондиција имаат пратениците на опозицијата додека пак мнозинството чека пригоден момент да седне и да ја изгласа смената на Марко Зврлевски.

Пратениците од СДСМ во Собранието најавија дека ќе се откажат од нивните говори со цел побрзо законски и легално да биде разрешен Зврлевски и да биде избран нов државен јавен обвинител за да почнат реформите во правосудството.

– За тоа што уште еднаш беше спомнато дека е незаконски или дека не е според изборниот законик оваа дебата и разрешувањето, ќе повторам дека цитираниот член 8а од Изборниот законик точка 1 став 4, каде се вели дека не може да се започне постапка за вработување на нови лица или постапка за престанок на работен однос во државни јавни институции, а започнатите постапки се ставаат во мирување освен во случај на итни и неодложни работи, не може да се примени врз оваа постапка затоа што ние не разговараме за отпуштање од работа на Зврлевски или за прекин на неговиот работен однос. Не, ние тука зборуваме, тој е јавен функционер кој е избран од страна на Собранието на Република Македонија, рече Тунтев координаторот на пратеничката група на СДСМ.

Тактиката на ВМРО-ДПМНЕ на меѓусебно реплицирање и контрареплицирање прерасна во злоупотреба на собраниската говорница бидејќи се говори за се освен за прекинувањето на мандатот на јавниот обвинител Зврлевски. Денешната седница продолжува од 11 часот.

Слично

Поврзани вести