Економија, финансии, бизнис

Контакт

Игор Спасов живеел во стан на жена, Министерството за правда ја подготвува документацијата за екстрадиција

Игор Спасов живеел во стан на жена, Министерството за правда ја подготвува документацијата за екстрадиција

Министерството за правда ја подготвува документацијата за екстрадицијата на Игор Спасов, убиецот на Мартин нешковски, кој во меѓувреме избега додека беше пуштен на лекување од затвор и за кого вчера беше објавено дека е уапсен во Софија.

- По добиената информација утрово од МВР, нашето министерство ја собира потребната документација за екстрадиција која треба да биде испратена до бугарсткото Министерство за правда. Рокот за тоа е 40 дена. Понатаму бугарското министерство одлучува дали и кога ќе го екстрадира споменатото лице, кое во моментов е во притвор во Бугарија, гласи одговорот кој го добивме од Министерството за правда.

Поранешниот полицаец е осуден на 14 години затвор за убиство.. Бугарските медиуми објавуваат дела се испоставило дека живеел во стан на жена во Софија. Тоа се совпаднува со денешните објави на бугарските медиуми дека таму бил пријавен за семејно насилство. Претходно во Бугарија влегол од Турција.


Слично

Поврзани вести