Игор Попов ја започна амбасадорската функција во Бразил
Игор Попов стана втор македонски амбасадор во Бразил и го наследи својот претходник Ивица Боцевски, откако денеска ги предаде акредитивните писма на генералната секретарка на бразилската дипломатија Марија Лаура да Роча.
Македонија отвори своја амбасада воБразил во 2016 година. Двете земји, покрај тоа, имаат и договор за соработка во образованието.
Попов е кариерен дипломат. Според она што го претстави пред собраниската комисија за надворешни работи во октомври, тој ќе се залага за зголемување на соработката и меѓусебните инвестиции со Бразил во земјоделството.
Слично
