Игор Пехчевски: Градоначалникот почна со повисок тон да ми се заканува дека веднаш ќе го викне обезбедувањето да ме исфрли надвор од Општина Берово
Игор Пехчевски, момчето кое стана познато во јавноста поради тоа што боледува од цистична фиброза и има потреба од лекот трикафта, на социјалните мрежи пишува дека имал непријатна случка во Општина Берово. Вели дека градоначалникот Звонко Пекевски сакал да го исфрли од просториите на општината.
„Пред неполн час, јас Игор Пехчевски пациент со цистична фиброза, бев во Општината Берово кај градоначалникот Звонко Пекевски. Во негово просуство беше и викарниот епископ Јаков, кој себеси се представува за голем хуманист со својата фондација Елеуса, сакав да поразговарам и со него. Му го образложив мојот проблем и во истиот момент градоначалникот го извади телефонот и почна со повисок тон да ми се заканува дека веднаш ќе го викне обезбедувањето да ме исфрли надвор од Општина Берово. На зборовите не регираше нити епископот Јаков. Јас останав запрепастен и од двајцата еве ако грешам нека ме поправи епископот Јаков и ако навистина верува во тоа што му пренесов на градоначалникот нека излезе јавно и нека каже дали ме поддржува“, пишува Пехчевски.

Инаку, лицата со цистична фиброза неколку пати протестираа со цел надлежните да им го обезбедат лекот.
