ИГОР КУЗЕВСКИ ОД ЛИЧНИ ПРИЧИНИ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА - нема да биде повеќе заменик директор на Агенцијата за заштита на лични податоци
Игор Кузевски, заменик директор на Агенцијата за заштита на лични податоци, поднесе оставка од функцијата од, како што вели, лични приватни причини.
Во својот допис до претседателот на Собранието Талат Џафери тој вели дека е благодарен што пред две години добил доверба да ја врши должноста заменик директор на Агенцијата за заштита на лични податоци.
„Во овој исклучително тежок период во време на пандемија, постигнавме многу. Со Ваша поддршка за период од само 20 месеци успеавме: да го донесеме Законот за заштита на лични податоци со кој се транспонираше ЕУ општата регулатива за заштита на личните податоци, да го ратификуваме Протоколот 223 на Советот на Европа во врска со модернизираната конвенција 108 плус, да ги донесеме и сите подзаконски акти во врска со примената на новата регулатива во оваа област и да го изработиме Предлог законот со кој ќе се транспонира т.н. полициска директива на ЕУ, а кој предлог закон е веќе на дневен ред за донесување од страна на Собранието. Со сето ова практично се постигнува целосно усогласување на македонското законоидавство со правото на ЕУ во оваа област и лично сметам дека треба да бидеме горди на тоа. Сето ова беше направено со несебична поддршка и заедничка работа со тимот на Агенцијата за заштита на лични податоци, со кои како долгогодишен вработен во Агенцијата, јас лично сум многу горд. Сепак, животот продолжува понатаму, и замолувам, Собранието со поднесувањето на оваа оставка од лични причини, да констатира престанок на функцијата заменик на директорот на Агенцијата за заштита на лични податоци, која во моментов ја вршам“, пишува Игор Кузевски во својата оставка испратена до Собранието.
Н.Н.Ф.
