Економија, финансии, бизнис

Контакт

Игор Југ: Тие што им вршев нивни работи цел живот ме гонат

Игор Југ: Тие што им вршев нивни работи цел живот ме гонат

Во судот денеска од телефонот на Игор Југ, еден од 33-цата обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок, се читаа вибер пораки и листата на разговори на денешното продолжение од судењето за организираниот напад во Собранието на 27 април лани.

Во пораките кои Југ на 16 септември ги испраќа на лицето заведено во неговиот телефон како Борче Шушка, обвинетиот се жали дека тие кои го пратиле во Собрание го ставиле во затвор.

„Тие што ме пратија во Собрание, тие и ме осудија. Тие што им вршев нивни работи цел живот ме гонат. Ние по домови, по затвори и бегства, а куртони во фотелја“, му пишува Игор Југ на Борче.

Според обвинителството дента на 27 април обвинетиот Југ, според записите во неговиот телефон, почнувајќи од 14.30 часот, неколку пати имал телефонски разговори со обвинетите Александар Василевски – Нинџа, Никола Митревски – Кољо и Јане Ченто.

Слично

Поврзани вести