Економија, финансии, бизнис

Контакт

Игор Југ: Кој калибар сум јас за да ми дадат задача да го убијам премиерот?

Игор Југ: Кој калибар сум јас за да ми дадат задача да го убијам премиерот?

Обвинетиот Игор Југ во своите завршни зборови на денешното рочиште за „крвавиот четврток“ рече дека политичките елити што беа директни и индиректни творци на 27 април се осмелија да одредуваат за вината на обвинетите во случајот. 

„Во протестите ме нервираше една работа, а тоа е – оние што најмногу повикуваа на протести, ниту еднаш не излегоа. Ние ги избиравме за да нè водат, а не да се кријат зад нас. Но, по сè изгледа, не беше така. За да си ги спасат своите задници и банкарски сметки, наместија невини луѓе да спијат во затвор, а оние што ги отворија вратите добија амнестија за да не кажат кој им рече да го сторат тоа. Покрај отворачите на портите, во амнестијата се протнаа и ликовите од Готам сити, предводниците на револуцијата, која дебело ја наплатија“, рече Југ.

Вели дека во Собранието не сторил никакво кривично дело, но со изгледот и гардеробата направил бум.

Југ рече дека неговиот физички изглед бил пресуден да се најде помеѓу обвинетите, ќелав, тетовиран, висок и со над 100 килограми, а дополнителен фактор била маицата ХОС, која ја носел.

Југ потенцира дека немал задача да го убие премиерот Зоран Заев, а доколку сакал да го стори тоа, можел да го направи без проблем.

„Кој калибар сум јас за да ми дадат задача да го убијам премиерот? Имам шеќер од кој ми е расипан видот. За ладнокрвно убиство треба способен човек и професионалец“, рече Југ.

На денешното рочиште завршен збор дадоа разузнавачот Мунир Пепиќ, Јане Ченто, Игор Дурловски, Горанчо Анѓеловски-Ќосето и Игор Југ.

Слично

Поврзани вести