Економија, финансии, бизнис

Контакт

Игор Југ ја поддржа Силјановска во претседателските избори

Игор Југ ја поддржа Силјановска во претседателските избори

Игор Југ, осуденикот од настаните во Собранието на 27 април, ја поддржа Гордана Силјановска Давкова во предизборната кампања пред претседателските избори и ги повика граѓаните да гласаат за професорката.

-Ве повикувам да дадеме поддршка на борецот за право и правдина проф. Гордана Силјановска Давкова. Татковината не повикува! Време е да покажеме дека никогаш не застанавме, дека ниту едно зло не може да не исплаши, ниту едно зло не е поголемо од онаа што е нанесено на Република Македонија. Да продолжиме заедно со проф. Гордана Силјановска Давкова, да се бориме за сонот за Република Македонија заедно сите, до победа. Времето нека пишува биографија за секој од нас, сплотени до конечна победа. Ќе го дочекаме и тој ден достоинствено. Ќе светне сонцето, ќе огрее.Да живее Република Македонија!, гласи напишаното од Југ.

Осуденикот, кој во моментов е во истражниот затвор Шутка, со овој повик предизвика лавини од негативни реакции на социјалните мрежи, а граѓаните коментираат дека „поддршката од насилник кој имал задача да го убие премиерот Зоран Заев може само да и нанесе штета на Силјановска“.

Слично

Поврзани вести