Игор Јанушев го замени Влатко Ѓорчев: Двојно повеќе гласови во Гази Баба, Аеродром, Илинден, Кратово...
Игор Јанушев, генералчниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, на првата прес-конференција на најголемата опозициска партија по затворањето на гласачките кутии рече дека има водство според резултатите по обработени 20 отсто од гласачките ливчиња.
- Од обработените 20 проценти имаме над 10.000 гласови предност. Двојно повеќе водиме во Гази Баба, Аеродром, Илинден, Кратово, и Кривогаштани. Убедливо водиме во Радовиш, Свети Николе, Кисела Вода и Велес. Водиме и се прави сериозна разлика, рече Јанушев.
Еден од носителите на кандидатските листи во изборните единици додаде дека очекува предноста во однос на СДСМ да се движи од седум до осум пратеници и дека случаите на изборни регуларности ќе бидат процесуирани до ОБСЕ и до надлежните домашни институции.
- Во текот на вчерашниот и денешниот ден се служеа со методите на манипулација, евидентирани се 20 случаи на поткуп, агитирање, притисоци над администрацијата, наведе Јанушев.
