ИГОР ФИЛКОВ И ГОРАН МИНЧЕВ: ЗНАМ ги утврди кандидатите за министри
Движењето ЗНАМ за наша Македонија на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски на седница на Централниот одбор ги утврди кандидатите за министри во идната влада.
Според коалициониот договор, ЗНАМ би добил две министерски места, а партијата ги предлага за министер за правда Игор Филков, а за јавна администрација Горан Минчев.
Останува уште ВМРО-ДПМНЕ в недела на Извршен и Централен комитет да ги потврди имињата на новите министри и заменици министри во Владата.
Слично
