Економија, финансии, бизнис

Контакт

Игор Филевски-Филе: За Р. Каталонија доаѓа потешкиот момент кој бившите Ју држави многу добро го знаат

Игор Филевски-Филе: За Р. Каталонија доаѓа потешкиот момент кој бившите Ју држави многу добро го знаат

Тешко е да се прогнозираат следните чекори, но од друга страна пак е многу полесно да се дефинира дека „Република Каталонија“ ќе остане само на хартија. Тоа веќе не е само мое мислење кое го кажав уште пред неколку дена, тоа веќе станува реалност и за самите Каталонци, вели новинарот Игор Филевски - Филе, кој 5 години живееше во Барселона и кој добро го познава каталонскиот идентитет, а уште подобро тамошните состојби. 

Филе за Фактор вели дека веќе почнува потешкиот момент за Република Каталонија. Момент кој бившите Ју држави многу добро го знаат.

Ставот и состојбите во Каталонија од гледна точка на Филе ви ги пренесуваме во реченицте подолу.

„Многу е тешко да се прогнозираат следните чекори, но од друга страна пак е многу полесно да се дефинира дека „Република Каталонија“ ќе остане само на хартија. Тоа веќе не е само мое мислење кое го кажав уште пред неколку дена, тоа веќе станува реалност и за самите Каталонци.

А одговорот „зошто“ е многу едноставен бидејќи многу од прашањата имаа одговор. 

Прво, кој го надгледува небото над Каталонија? Каде слетуваат авионите, во Шпанија или во Каталонија? За поморскиот простор и да не споменувам. Мосос (каталонската полиција) од сега е под наредба исклучиво на Каталонската Влада. Што ќе се прави со наредбите кои ќе им доаѓаат од Мадрид? Трговијата е под истиот чадор прашања, извоз-увоз. 

Интернетот, медиумите, како тоа од утре, со оглед што се`контролира Мадрид, а веќе е во план, да им се укине ако има потреба. Струја... Секако дека тука е Франција и може да помогне...но, да не беше Макрон во прашање кој ќе мора да ја слуша Меркел, вака пластично опшишано. Значи, веќе започна многу потешкиот момент за Република Каталонија. Момент кој бившите Ју држави многу добро го знаат. Од друга страна Рахој доби „зелено светло“ од Брисел да тргне со сите воени и полициски сили на Барселона? Викендов се изиграа сите спортски натпревари во Каталонија, што дава посебен акцент дека Шпанија постои и тоа како и во Каталонија како единствена опција. Сепак од пред неколку дена на сите ни изгледаше како историски момент за Каталонија, за Шпанија и за цела ЕУ. 

Најбитен чекор после завршувањето на Втората Светска Војна. Но, ЕУ го направи првиот чекор и тоа во афирмација на се`што презема Рахој. ЕУ одобри „Блицкриг“. (неофицијално и без јавна потврда) 

- Ниедна земја членка на ЕУ нема да ја признае Република Каталонија. 

- Рахој има неколку дена за да ја воспостави Шпанската администрација врз сите витални функции во Каталонија. - Земјите членки на ЕУ нема да реагираат на ниту една акција на Владата на Рахој, ако е спроведена Легислативно според Уставот и без употреба на прекумерна сила, ниту воведување на воено-полициски екстремни мерки. 

- Шпанската Влада мора да организира Избори за нов состав на Парламентот во Каталонија, Влада и да ја врати Автономијата со сите свои одземени права, потоа. (ги закажа веднаш, за 21 декември).

- Во следниот период од 1 година да договорат нови правила на функционирање меѓу Шпанија и Автономната Каталонска област. 

- Правно процесирање на одговорните за предизвикување на немирите и неуставното прогласување на независноста да бидат санкционирани согласно правните закони, без никакво прекршување на човековите права. 

- ЕУ ќе дава парцијална јавна поддршка се` додека се почитуваат овие начела. 

- Во цело време на реализирање на овие точки, сите Каталонски притисоци на неуставно избраното водство ќе бидат игнорирани по сите аспекти во сите земји членки на ЕУ.

(ова се начелно патеките кои Рахој ги добил како поддршка во решавањето на проблемот, од највисокото раководство во ЕУ)

А каде згреши Пучдемон? 

Прво и основно не го лобираше овој процес надвор од Шпанија и низ остатокот од светот. Без таков „бекграунд“ и лобирање низ моќните сили во светот, не може да се има поддршка на овој процес. Не знам како и зошто Каталонскиот начин го споредуваат со Словенечкиот излез од СФРЈ? И во Каталонија, а читам и на Балканот ги шират истите муабети, кога нема врска едно со друго, ни во начин, ни во реализирање, ни во подготовка. Дури и Владата во Каталонија тоа го спомена неколкупати деновиве. А Пучдемон секако не е толку млад за да не сети како беше во СФРЈ!? Прво Словенија се подготвуваше со години и лобираше низ Европа. Второ ги обезбедуваше со време финансиските резерви за да ги приграби кога ќе затреба. Ја презеде територијалната одбрана и полицијата која се сврте против армијата. Дезертираа околу 8-9 илјади словенци од ЈНА. Се спротивстави и со оружје и со техничко-финансиски мерки. Беше спремна (секако тајно) и со нови пари, пасоши, униформи ... комплетно цела инфраструктура за старт на ново администрирање на држава. 

А Пучдемон нема ништо од тоа во моментов. Мосос се повлече под капата на Мадрид. Нема контрола на финансиите. Нема солуција за излез од банкарскиот систем на Шпанија. Дури и спортските натпревари си се играа без проблем во Шпанските лиги. Не заборавајте дека Словенците во истиот момент ги напуштија и репрезентациите на СФРЈ и сите лиги во СФРЈ. А Пике ќе продолжи да игра за Шпанија, како и Џирона против Реал и Барса против кој и да е.... така да нема никаква допирна точка. Никаква!

Грешката е направена. А сега ете веќе се форсира и абдицирање на Пучдемон.

Тоа веќе е само најава дека деновиве ќе следуваат уште пожестоки мерки кон Каталонската Влада која прогласи независност. А вчерашниот митинг на Унионистите во Барселона, ја покажа таа поддршка кон Рахој. Прашање е само дали оваа Република Каталонија има помало траење од нашата Крушевска Република?“, вели новинарот Филе во став за Фактор.

И.С.

Слично

Поврзани вести