ИДРИЗОВО: Зошто над 400 затвореници не успејаа да гласаат?
Повеќе од 400 затвореници во затворот „Идризово“ денеска не успеале да гласаат на локалните избори.
Затвореник кого го немало на избирачкиот список, вели дека правото на глас не успеале да го остварат најмалку 70% од затворениците, пренесува ТВ 24.Според него, најголем проблем имаат осудениците на доживотен затвор кои никогаш не ги нашле своите имиња на избирачки список.
Повеќето гласачи се побуниле затоа што ги нема на избирачкиот список. До 15 часот во „Идризово“ правото на глас го оствариле околу 350 затвореници.
Слично
