Идните првачиња со маски на упис: Еве ги сите детали за запишувањето
Владата вчера усвои повеќе протоколи кои се однесуваат на образовните процеси. Меѓу нив и пртоколот за запишување на ученици во прво одделение во основните училишта.
Меѓу другото во протоколот стои дека децата и членовите на комисијата мора да носат маски. Дозволено е велз на еден родител, а помеѓу секое дете ќе има пауза од 20 минути, за да се дезинфецира просторијата.

Вчера на седницата на Влада беа усвоени и овие протоколи:
Протокол за утврдување и постапување на јавните и приватни високообразовни установи, односно единиците во состав при изведување на испитите
Протокол за постапување на Математичко-информатичката гимназија за време на полагање на приемниот испит на учениците во учебната 2020/2021 година
Протокол за постапување на средните училишта во Република Северна Македонија за време на запишувањето на ученици во прва година во учебната 2020/2021 година
