„ИДНИОТ ПРЕМИЕР МИЦКОСКИ БИ БИЛ БУДАЛА ДА И ВЕРУВА НА ЕУ, ПАРИЗ ИЛИ БЕРЛИН И ДА ГО СМЕНИ УСТАВОТ НА НЕГОВАТА ЗЕМЈА ЗА НЕПОСТОЕЧКА ЕУ ПЕРСПЕКТИВА“: Германскиот новинар Мартенс за актуелната состојба
Познатиот германски новинар Михаел Мартенс на социјалната мрежа Х наведе дека Мицкоски може да се охрабри да ги отфрли условите на ЕУ.
„Идниот Премиер Мицкоски може само да се охрабри да ги отфрли условите на ЕУ и Бугарија за почеток на пристапните преговори. Би бил будала да и верува на ЕУ, Париз или Берлин и да го смени уставот на неговата земја за непостоечка „ЕУ-перспектива““

Мартенс е новинар на германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг и се смета за добар познавач на приликите во Југоисточна Европа и процесот на евроинтеграција на земјите од овој дел на Европа.
Неговата објава може да ја видите тука
Слично
