Економија, финансии, бизнис

Контакт

Идниот петок е неработен ден за провославните

Идниот петок е неработен ден за провославните

Следниот петок е неработен ден за провославните верници. 

Бадник ­ 6 јануари 2017 година (петок) е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика. 

Министерството, воедно им го честита Бадник на граѓаните од православната вероисповед.

Инаку христијанските верници кои се раководат според јулијанскиот календар Божиќ  го одбележуваат на 7 јануари, кој во годината што доаѓа ќе се празнува во сабота, а ден претходно односно петок се празнува Бадник.

Според стариот јулијански календар се раководат Ерусалимската патријаршија, Македонската православна црква, српската, руската, грузиската црква и Света гора.

Во 2017 година ќе имаме 27 неработни денови. 


Слично

Поврзани вести