Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА: Реформските закони од утре на тацна, во среда седница за гласање доверба на Владата

ИДНИНАТА НА МАКЕДОНИЈА: Реформските закони од утре на тацна, во среда седница за гласање доверба на Владата

Некои од реформските закони од правосудството утре ќе се најдат пред пратениците.

За утре е закажана и 41 седница на која прва точка е предлог законот за изменување и дополнување за законот за оружје, со европско знаменце. Во Собранието се закажани четири пленарни седници и повеќе комисии. Според агендатата, на 22-та седница има една заостаната точка – измени и дополнувања на законот за заштита на сведоци, по скратена постапка. Веднаш потоа следува 34-тата седница со една точка на дневен ред – реформскиот закон за судовите, а на 35-та се дополнувањата на законот за јавното обвинителство и законот за кривична постапка, во второ читање.

Во среда се очекува да се одржи седница за гласање доверба на Владата, откако вчера опозицијата го достави барањето до Собранието. Ова според ВМРО-ДПМНЕ беше еден од мотивите за враќање на опозицијата во собранието. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека очекува да се изгласа недоверба на Владата, и да се организираат предвремени парламентарни избори.

Слично

Поврзани вести