Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иднината на Македонија е доведена во прашање!

Иднината на Македонија е доведена во прашање!

Неизвесноста која почна со мачните преговори на Груевски со Ахмети, посебно оптоварени со неочекуваниот Документ на албанскиот политички блок преставен од ДУИ, се чини дека заврши со бродолом во последните 15 минути од рокот даден за договор за создавање на коалиција. Од тој момент ВМРО-ДПМНЕ за да не стане опозиција, започна со својот план ,,Б,, да не дозволи СДСМ да создаде коалиција која наводно ќе работи на реализација на точките на спомнатиот Документ. Заборавија ли дека и тие работеа интензивно и мактрпно ама не дојдоа до заедничко репение – вели за Фактор Љупчо Арсовски поранешен амбасадорт на Македонија во Грција.

Еден внимателен поглед врз хронологијата на настаните кои ги имавме последниве две години на домашната политичка сцена, упатува на мошне компликувана состојба која ескалираше во негативна смисла. Она за што во изминатите 5-6 години се “зборуваше тивко”, кога беа објавени првите неовластено снимани телефонски разговори на високи функционери, деловни луѓе, личности од судската фела, уметници и др. стана јасно дека имало добра основа за такви сомненија. Се работеше за тешки повреди на човековите права но и секако за најава дека постоеле сериозни индиции за сторен кримнал.
Природно со помош и интервенција на Брисел се случија Пржинските средби: Резултатот бешеи конечен договор кој финишираше со потреба за предвремни избори, но, истовремено со потреба за засилување на нашиот испартизиран правосуден систем, заради што се формираше Специјално Јавно обвинителство, со прочистување на избирачкиот список, со потребата за непристрасност и ослободување на медиумите од стегите на државата или поточно на тогашната владеечка партија. Овие услови на кои се сложија сите лидери на тогашните партии застапени во Македонскиот парламент, беа исполнувани делумно и со тешки маки и заложби на тнр. странскиот фактор. ЕУ имаше ангажирано експерти (Ванхојте) а парламентарна тројка предводена од познатиот дипломат (од прнаешна СФРЈ- Иво Вајгел) неуморно ја набљудуваше состојбата кај нас и ги следеше остварувањата и на препроаките Прибе како и сугестиите и ставовите на САД пред се’. Ова упатува на размислување дека на Република Македонија нависитина се гледало како на земја која е пред вратите на Унијата , која чека датум на добивање на кандидатски статус со отворање на поглавја или отпочнување преговори.

Се одржаа предвремните избори на 11 декември минатата година , со познатите оценки и конечни резултати. Владеечката партија ВМРО-ДПМНЕ не доби потребен број гласови за самостојно формирање на Влада а опзиционата партија се доближи прилично до позција да формира влада доколку првиот мандатар не успее да постигне договор со другите партии. Се чини дека неизвесноста која почна со мачните преговори на Груевски со Ахмети, посебно оптоварени со неочекуваниот Документ на албанскиот политички блок преставен од ДУИ, заврши со бродолом во последните 15 минути од рокот даден за договор за создавање на коалиција.

Од тој момент ВМРО-ДПМНЕ за да не стане опозиција, започна со својот план ,,Б,, да не дозволи СДСМ да создаде коалиција која наводно ќе работи на реализација на точките на спомнатиот Документ. Заборавија ли дека и тие работеа интензивно и мактрпно ама не дојдоа до заедничко репение. Чудното досегашно однесување на Председателот на државата, кулминираше со нови изненадувања, што внесе уште поголема неизвесност во и онака досега компликуваната состојба. Уставот на РМ како највисок акт во државата го толкуваат сите од своја страна, од свој интерес и сега како да не постои. Острата реторика во Собранието е присутна за двете најголеми партии од македонскиот блок. Албанскиот блок делува како реагенс или катализатор во хемиски процес.

Според некои размислувања и елементи, влегувањето во планот ,, Г,, од страна на пораншната владеечка партија произведе до сега најголема поделба во македонскиот блок. Историјата не учи дека во многу земји, во различни периоди (војни, револуции, востанија), имало домашни предавници, но, да се оквалификува половина народ дека е предавнички е нешто што не може да се препознае во политичката историја. Во Собранието се водат јалови и смешни дискусии, реплки и реплики на реплики а најмалку се мисли на решение.

Досегашните пораки на Брисел се јасни и недвосмислени кои се идентични и со оние на Стејт Департементот дека изборите завршија и треба да се почитуваат законите и итно да се формира Влада и час побргу да се отпочне процесот за остварување на порано зацртатните заложби а нови предвремени избори не се прифатливи.

За жал никој не се осврнува на јасните пораки особено на деловните луѓе, бизнисмените, менаџерите, финасиерите.....кои јасно и прецизно изјавија,,Економско-финансисиската кола на државата тргна назад,,. За парите се работи.

Дали и кое е можно решение за излез од кризата?

Решение е секако во автентично толкување на Уставот, улогата, должностите и правата на Претседателот и со избор на Претседател на Законодавниот дом и формирање на Влада со што ќе се отвори процесот на отворање на врата кон НАТО и ЕУ со постигнување на познатите критериуми за полноправно членство. Отвореното прашање мора да престане да биде пречка во нашиот пат кон евроатлантските интеграции дека така е договорено со Времената согласност мегу Република Македонија и Грција.

Ако не направиме ништо, ниту чекор напред, забрзано ќе работиме во полза на сопствена штета. Префрлување на вината нема да донесе решение туку враќање на земјата непредвидлива неизвесност и огромна штета по слободата, демократијата,човековите права односно против доброто за земјата и народот. Дали ќе се остварат најавените мерки на ЕУ и САД кон веќе посочените “виновници” кои со кочењето на демократските процеси предизвикаа голем интерес на меѓународниот фактор останува да се види. Казната кон народот , кон земјата би бил погрешен чекор.


Слично

Поврзани вести