ИДНАТА НЕДЕЛА ЗАЛАДУВАЊЕ: Ова се очекуваните температури
Од понеделник се очекува промена на времето и пад на температурите.
Локална појава на нестабилна облачност со краткотраен дожд и ретки грмежи, се очекуваат денеска и утре во попладневните часови, најавува УХМР.
До сабота ќе се задржи претежно стабилно и топло време кога ќе биде и најтопло, до 38 степени на југоистокот од земјава.
Во недела кон крајот на денот ќе има локален пороен дожд со грмежи. Во понеделник се очекува облачно време со пообилни врнежи од дожд, засилен северен ветер и значително опаѓање на дневната температура.
Во понеделник во Скопје температурата ќе биде до 31, во вторник до 28 степени, а во среда 31.
Во четврток и петок се очекуваат 32 степени, а во сабота 30 степени.
Слично
