Идната недела се очекува вистинска пролет
Идната недела се очекуваат повисоки дневни температури, а во среда дневната температура ќе се искачи до 19 степени.
Утринската температура во понеделник ќе се движи од два до седум степени, а дневната од шест до 12 степени, во вторник од три до осум степени и од 10 до 15 степени, а во среда утринската од два до шест степени, а дневната температура од осум до 19 степени. Температурата во четврток наутро ќе се движи од три до шест степени, а дневната од 10 до 17 степени, додека во петок утринската температура ќе се движи од нула до три степени, а дневната од 11 до 17 степени.
Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и значително потопло време со сончеви периоди, но локално ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на планините ќе паѓа снег. Ќе дува повремено и засилен ветер главно од јужните правци, поизразен на планините и на југот од земјава. Ваквите временски услови во поголем дел од земјава ќе предизвикаат нагло топење на снежната покривка, посочуваат од УХМР.
Претходните денови температурите се спуштија под нулата во повеќето градови, а во Берово температурата падна и до -18 степени.
