Економија, финансии, бизнис

Контакт

Идната недела ќе има заладување

Идната недела ќе има заладување

За неколку дена ќе имаме промена на времето. Во Македонија, времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и релативно топло. Во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Вдолж Повардарието ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утре претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и значителна ниска облачност. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во следните денови ќе имаме претежно стабилно и релативно топло време. Во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Благо намалување на температурите ќе следи од средината на наредната недела.

Слично

Поврзани вести