Економија, финансии, бизнис

Контакт

Идната година ќе има огласи за прием на криминалисти, најави Спасовски

Идната година ќе има огласи за прием на криминалисти, најави Спасовски

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за 2022 година најави огласи за прием на криминалисти. 

Кажа дека 2021 и 2022  се години кога многу криминалисти заминуваат во пензија. Со тоа се создава можност за вработувања. 

„Затоа и најавив дека 2022 година ќе има огласи за прием на криминалисти во поголема бројка и јас навистина очекувам дека и од оваа генерација на студенти ќе можат да се пријават да бидат дел од македонската полиција, да бидат дел од безбедносниот систем, кој практично се грижи за напредокот за чување на човековите права на демократските вредности на државата“, најави министерот. 

Тој додаде дека знаењето кое овие млади луѓе го стекнуваат низ процесот на едукација на факултетот е пресудно за ангажманот. 

Слично

Поврзани вести