Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фактор Идеи за квалитетно поминат викенд

Фактор Идеи за квалитетно поминат викенд

Пред нас е викенд, време за уживање на целото семејство.  Дружење, квалитетно поминато време заедно, насмевки,  правење на спомени.

Доколку немате идеа каде да поминете дел од викендот Ви ја препорачуваме Зоолошката градина во Скопје.

Место пред се едукативно и забавно.  Дестинација која може да биде интересна за целото семејство. Слоновите Дуња и Даела остануваат најголема атракција како за најмалите така и за повозрасните посетители во Зоолошката градина. Таму можете да уживате и со лудориите на мајмуните. Во пливањето на Кан, морскиот лав жител на оваа институција. Секако тука се сите други животни, волци, коњи, тигри, лавови, повеќе видови на влекачи, нилски коњ и што ли уште не. Одвојте време за себе и своите најмили и квалитетно поминете го своето слободно време.


За време на викенд автобусите со број 25А и 25Б се бесплатни, искористете ги за качување на Средно водно.

На средно водно играјте со топка, или правете пикник, собирајте цвеќиња, или од таму со жичара качете се со семејството на Милениумскиот крст.  Надишете се свеж воздух, одмарајте во тишина и спокој и уживајте во пејсажот кој го нуди врвот на Водно.


Градскиот парк во Скопје е идеално место за дружење со децата.

Безброј совршени места можете да најдете во градскиот парк за играње со децата, можете да возите велосипеди или  да пешачите. Пролетта е идеална за одмарање во природа. Паркот е супер место за спокој и внатрешен мир. Нема автомобили и децата ќе можат слободно да трчат. 


Игротеките се место за издувување на децата

И детските игротеки се места за трошење на вишокот на детската енергија. Можете со семејството и пријателите да седнете на неделен ручек и да разговарате слободно додека децата пред вас играат со играчките и да бидете слободни. Секако во друштво е посладок ручекот. 


Слично

Поврзани вести