ИДА ПРОТУЃЕР: Имавте лекција од Неџби и Христо, а го пуштивте Груевски
Не заслужуваме да се викаме држава!, пишува поранешната новинарка, Ида Протуѓер на Фејсбук.
„Значи правда било ако Ѓоко Поповски лежи само изгледа? Не сте свесни вие од власта колкаво разочарување и колкав гнев создадовте од тоа што го пуштивте Груевски. Не не интересира да си префрлате одговорност на судство и други инстанци. Башка имате лекција од Неџби и Христо. Оној што беше алфа и омега на целото злосторничко здружување, што не покраде до гола кожа и ни остави лош кич од стиропор, а си собра милиони, што се ситеше кога им течеше меѓу нозе на оние врз кои тренираше строгост, кој ги ничкоса медиумите, воведе пропаганда и владееше со закани, апсења и корупција пие винце на Дунав, важно во притвор си ја чувате девојката што пушела Канабис. А бе ние не заслужуваме да се викаме држава, без оглед како и е името“, напиша Протуѓер.
Статусот е по повод бегството на екс премиерот Никола Груевски во Унгарија, каде ќе бара политички азил.
