Ибраими: Мене на 63 години Мијалков ќе ми наредел како да гласам во ДИК
На судското рочиште одржано денес беа слушани две од т.н. бомби од случајот „Титаник 2 “
Во едната бомба тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков бара ургенција за гласање на седница на ДИК од тогашниот лидер на ДПА, Мендух Тачи, односно Бедредин Ибраими да гласа во корист на ВМРО-ДПМНЕ за усвојување на приговор за поништување на гласањето на едно избирачко место во Струмица, а Тачи за тоа се согласува. Следно разговор меѓу Тачи и Ибраими, во кој Тачи му вели “сега ја имате Струмица, ќе гласате за да се поништи, зошто сме договорени за Чаир”.
На ова поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими го осговори следното: „Сум служел војска во ЈНА. Сум добил таму документ од претпоставените, во кој беше наведено дека тешко примам наредби. Мене на 63 години Сашо Мијалков ќе ми наредел како да гласам во ДИК за приговор. Јас ќе ви докажам дека не е така“.
Следна беше пуштена снимката од седница на ДИК, кога еден час се натегале членовите за приговорот на ВМРО-ДПМНЕ за поништување на гласачкото место 1727.
Мендух Тачи побара превод на албански јазик за спорната седница на ДИК, следното судење е закажано за 23 август
