Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ибрахими објасни дека ставот за Асоцијација на албански општини е негов личен, а не на партијата

Ибрахими објасни дека ставот за Асоцијација на албански општини е негов личен, а не на партијата

Ставот за Асоцијација на албански општини е мој личен, не на партијата, вели генералниот секретар на Алтернатива Зеќирија Ибрахими, за ТВ21.

„За поддршката на Претседателот на партијата за ова прашање ќе треба да го прашате него лично. Ставот за Асоцијација на албански Општини е мој личен, не на органите на партијата. Меѓутоа, јас сум генерален секретар на Алтернатива и не сум само поединец во партија. Но, за да бидеме прецизни, немало некој состанок во партија за овој став, кој е само мој политички став, потикнат од моите политички и интелектуални yбедувања.“, рече Ибрахими.

Инаку, премиерот Димитар Ковачевски рече дека овој предлог е неевропски и несериозен. 

Со барањето за „Заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени, вели министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов. 

Тој рече дека барањето на партијата Алтернатива за „поврзување на албанските општини“ е обид за ловење политички поени и повика да внимаваат со таквите изјави.

Инаку, на Косово, Србија и Западот бараат да се формира Заедницата на српски општини. 

фото принтскрин

Слично

Поврзани вести