Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИБРАХИМИ: Никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат Владата слободно

ИБРАХИМИ: Никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат Владата слободно

За последните несогласувања околу употребата на знамињата и барањето за формирање на Албанска академија на науките, претседателот на Алтернатива, Зеќирија Ибрахими, во Дејли Клик на ТВ21 изјави дека никој не може да ги спречи ЗНАМ, нека ја напуштат слободно Владата.

,,За нас ЗНАМ не е важна партија. Тоа е периферна и мала партија и не е важно што ќе кажат. Тие можат да зборуваат за секое прашање, но тоа не ни дава никаква обврска, било да е тоа за користење на знамето или други теми. Тие рекоа дека ако продолжиме да го користиме знамето, ќе ја напуштат Владата. Со среќа, никој не може да ги спречи. Немаме договор со нив”, вели Ибрахими.

Во првиот месец од владеењето речиси секојдневни се спротивставените ставови помеѓу Вреди и ЗНАМ.

Двете партии имаат различни ставови и за балансерот. 

Слично

Поврзани вести