Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ибрахими му честиташе на Ганиу од СДСМ

Ибрахими му честиташе на Ганиу од СДСМ

Зеќирија Ибрахими, кандидатот на БЕСА, на ироничен му ја честиташе победата на Висар Ганиу, новиот градоначалник на општина Чаир кого го нарече кандидат на СДСМ.

„Сакам да му ја честитам победата на СДСМ во Општина Чаир. Секако, украдена победа, но ако тие и тоа го сметаат за победа, ние им ја честитаме. Притоа треба да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска имаа смелост и покрај сите притисоци и уцени, да излезат на гласање. Исто така сакам да изразам жалење за тие граѓани кои денес беа ставени во домашен притвор од партиските мангупи и полициски службеници, кои ја злоупотребија службената должност и не им дозволија на граѓаните да излегуваат на гласање. За нас овие избори во Општина Чаир беа најдобриот израз на лицето на оваа власт, која во име на граѓанскиот модел, ги афирмира криминалците и неуките, а со двете нозе гази над демократијата и на основното човеково право да избере и да биде избран“, рече вечерва Ибрахими.

Тој смета дека Ганиу е узурпатор на Чаир и дека доколку „узурпаторите што се покрај него мислат само на градежните маркици, тој е узурпатор на целата институција“.


Слично

Поврзани вести