Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ибрахими до Заев: Дали знаете која е разликата меѓу реформи и рециклирање?

Ибрахими до Заев: Дали знаете која е разликата меѓу реформи и рециклирање?

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски на продолжението на втората седница во Собранието денеска повика спикерот, Талат Џафери да не го крши Деловникот. 

Пратеникот од БЕСА, Зекирија Ибраими на мандатарот Зоран Заев му рече дека не е задоволен од дел од кадрите. Тој праша дали знае која е разликата меѓу реформи и рециклирање. Пратеникот вели дека СЈО се занимава со некои периферни личности од ДУИ. 

Тој праша каква порака испраќа Заев до младите Албанци. Дали тоа значи дека секој може да биде корумпиран, и да му се прости. 

Ибраими му посака успех на Заев, но рече дека не може да гласа за владин кабинет во кој има лица кои се дел од поранешната власт и кои биле корумпирани.

Слично

Поврзани вести