ИАКО ТРЕБАЛО ДА БИДАТ ВО КАРАНТИН, НЕ БИЛЕ ДОМА: Минатиот месец имало стотина вакви случаи во Гостиварско
Три лица од Гостиварско не ги почитувале решенијата за карантин. Се работи за лица од селата Долна Бањица и Градец, на кои претходно им било издадено решенија за изолација и домашно лекување.
Полицијата информираат дека вчера полициските службеници при редовните контролни активности на лица со решенија за изолација издадени од Државен санитарен и здравствен инспекторат, утврдиле дека три лица не се наоѓале во нивните домови.
Тие ќе одговараат за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ во согласност со член 206 од Кривичниот законик.
Слично
