Иако најавен бојкот на настава поради аерозагадувањето немаше?
Иако некои од родителите најавија дека нема да ги пуштат децата на училиште во знак на протест поради аерозагадувањето, сепак тоа не се случи.
Под мотото „Свесно и совесно ја бојкотирам наставата на моето дете“, група родители се организираа на социјалните мрежи денеска да не ги носат децата на училиште. Целта е да се привлече вниманието на надлежните за да се реши проблемот со загадениот воздух.
За само 24 часа над 600 граѓани се изјасниле дека ќе се придружат на акцијата, а над 2.000 се изјасниле дека се заинтересирани и тие да ја бојкотираат наставата, но денеска немаше бојкот.
Мерните станици денеска покажуваат дека загаденост на воздухот над дозволените граници има во Лисиче и Миладиновци.
Слично
