Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИАКО МУ ИСТЕКЛА КОНЦЕСИЈАТА, ПРОДОЛЖИЛ ДА ГО КОРИСТИ ЗЕМЈИШТЕТО - жител на Велешта доби кривична пријава

ИАКО МУ ИСТЕКЛА КОНЦЕСИЈАТА, ПРОДОЛЖИЛ ДА ГО КОРИСТИ ЗЕМЈИШТЕТО - жител на Велешта доби кривична пријава

Жител на Велешта доби кривична пријава поради узурпација на државно градежно земјиште. Станува збор за лицето со иницијали А.Ш. на шеесетгодишна возраст кој најпрво го добил имотот на концесија, но спротивно на законот тој изградил објект, а по завршетокот на концесијата не го вратил во првобитна состојба. 

- ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.Ш.(60) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. 

На катарстарска парцела во државна сопственост во атарот на струшкото село Подгорци, која ја закупил под концесија за одреден временски период, спротивно на Законот за градење и без решение издадено од надлежен Државен орган, пријавениот неовластено изградил помошен објект и  го засадил земјиштето. 

По истекот на рокот за важност на концесијата, пријавениот не го вратил во првобитна состојба за што бил должен и продолжил да го користи - се нагласува во соопштението испратено од полициските екипи од ОВР Струга. 

Слично

Поврзани вести