Економија, финансии, бизнис

Контакт

ИАКО ГО ДИГНАЛЕ БАНКОМАТОТ ВО ВОЗДУХ, ПАРИ НЕ ЗЕМАЛЕ: МВР со детали за бомбата во Бутел

ИАКО ГО ДИГНАЛЕ БАНКОМАТОТ ВО ВОЗДУХ, ПАРИ НЕ ЗЕМАЛЕ: МВР со детали за бомбата во Бутел

Иако поставиле експлозив на банкомат и го дигнале во воздух, крадците не успеале да земат пари од него. 

Утринава пред четири часот, било пријавено дека во Бутел на банкомат е поставена бомба, но пари не земале. 

Сепак, од детонацијата се уништени дури три возила. 

- На 06.06.2023 во 03.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале. Од детонацијата се оштетени три возила. 

Нема повредени лица. Во тек е увид од полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот - соопштуваат од МВР. 

Слично

Поврзани вести