Економија, финансии, бизнис

Контакт

Иако е пандемија: Ќе се реновира здравствениот дом во Штип, Филипче најавува ново возило за итна помош

Иако е пандемија: Ќе се реновира здравствениот дом во Штип, Филипче најавува ново возило за итна помош

Во Здравствениот дом во Штип целосно ќе се реновираат ходниците и тоалетите, а реконструкцијата треба да почне за две недели. Министерот за здравство Венко Филипче беше денеска во посета на болницата и најави дека овој здравствен дом ќе добие возило за Итната медицинска помош и посебна специјална опрема за возилата

Филипче разговарал со менаџерскиот тим на установите и вработените во овие јавно-здравствени установи.

Преку проектот на Светска банка, од следната година ќе бидат реновирани сите вакцинални пунктови во државата.

Министерот Филипче информираше дека има сосем доволна количина на тестови за коронавирус и близу 100 тестирања се прават на дневно ниво. Системот на координација функционира добро и пунктовите за тестирање работат во две смени.

Во однос на Службата за итна медицинска помош во Штип, капацитетите значајно се зголемиле. Повеќе од 20тина доктори и медицински сестри биле примени на работа.


Слично

Поврзани вести