Економија, финансии, бизнис

Контакт

И Зоран Заев прими трета доза од вакцината против коронавирусот

И Зоран Заев прими трета доза од вакцината против коронавирусот

Oсвен претседателот Стево Пендаровски, вчера и премиерот Зоран Заев ја примил третата доза од вакцината против коронавирусот, јавува Сител телевизија.

Заев бил вакциниран со кинеската вакцина Синофарм, а вакцинирани биле и дел од министрите меѓу кои и министерот за здравство Венко Филипче и министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

Пендаровски заедно со вработените во Кабинетот ја примија третата доза вакцина против коронавирусот. Порача дека масовната вакцинација е најсигурен начин за справување со вирусот.

Ако ја погледнеме епидемиолошката состојба, во земјава само Дебар  е без заразени со коронавирусот. 

Слично

Поврзани вести